Оваа нова колекција тапети од „Pixer“, насловена „ Life is Beautiful“ и дизајниранa од руската илустраторка Наталија Кормина, е вистински рај за младите девојки. Инспирирана од природата и од светските трендови, Кормина со оваа колекција внесува вистинско освежување во домот.Таа покажува дека ентериерот не мора секогаш да биде едноставен и минималистички за да изгледа елегантно и префинето, и дека не се неопходни скапите или најнови додатоци во домот за да ви изгледа модерно и шармантно.