Хенри Кавил, актерот кој се прослави по улогата Супермен од филмот „Човек од челик“, раскинал со девојката Џина Карано.
Нивната врска веќе долго време била во криза, со оглед на тоа дека имаат раскинувано на неколку наврати, но очигледно овој пат конечно ставиле точка на нивниот однос.
Џина во своето последно гостување во едно ток шоу јавно призна дека таа и Хенри имале проблеми во врската, но не насетувала дека им се ближи крајот.