Незаменливите локни – како да ги направиме совршени?

Најдобри совети за виткање на косата со фигаро.

Потребно е многу време да ги усовршите методите на разбранувана коса, а многубројни фактори влијаат на крајниот резултат на вашата фризура: време, кои препарати за стилизирање и заштита од топлина ги користите, кога последен пат сте ја миеле косата, типот на вашата коса.

Техниката на виткање е многу важна. Доколку само ја вртите косата кон десно нема да изгледате потполно, во споредба со виткање со помош на фигаро во спротивен правец или ако наизменично ја вртите косата на лева и десна страна.

Виткање на косата кон леви и десно

Доколку некогаш сте гледале туторијали на „Јутуб“, веројатно сте забележале дека сите стилисти препорачуваат подеднакво да ја виткате косата на лева, како и на десна страна.

„Виткањето на косата, наизменично, и овозможува на косата да се движи во различни правци обезбедувајќи и го притоа природниот и разбушавен изглед“, објаснува Пол Перез, стилист за коса од Лос Анџелес.

Држење на пеглата за коса или фигаро вертикално

Пред да ги замотате прамените од косата околу загреаното фигаро или преса, проверете како го држите. Доколку ги држите вертикално ќе постигнете опуштен, речиси природен изглед.

„ Свиткајте ја косата додека фигарото вертикално создава разнишани бранови и поопуштен изглед“, објаснува Перез.

friz1

Држење на пресата хоризонтално

Доколку сакате фризура која што потсетува на гламурот на Холивуд, од почетокот на минатиот век или актерките на црвениот килим, тогаш фигарото или пеглата држете ги хоризонтално.

„ Виткањето на косата со хоризонтална положба на фигарото создава бранови кои потсетуваат на буквата S, што ви создава гламурозен и свечен изглед“, додава Перез.

Грешки кои би требало да ги избегнувате

Наизменичното виткање на косата кон лева и десна страна е сосема во ред, но внимавајте крајниот резултат да не биде фризура со една шема на едната страна од главата, а од другата страна да имате спротивни бранови. Ваква недоследност целосно ќе го уништи вашиот изглед.

Обрнете внимание на температурата на фигарото или пеглата. Би требало да биде доволно загреана, за од вашата коса да направи бранови, но не премногу жешка за да ви ја оштети косата.

Прочитај повеќе: Локни за 5 минути

- Реклама -