До убава кожа и коса со помош на цвекло

Знаете дека е одлично за крвна слика, но дали знаете колку е корисно за вашата убавина?

Кожа

Сокот од цвекло содржи нутриенти, кои делуваат магично на кожата, затоа би требало да го пиете редовно. И тоа не она од тетрапак, туку свежо исцеден сок од цвекло, евентуално ублажен со малку вода или чист сок од јаболко. Цвеклото спречува појава на акни, но, нормално треба да внимавате и на исхраната и надворешната нега.

Сокот од цвекло можете и да го нанесете на лицето за хидратација, за отстранување на мртвите ќелии и мекост.

Со оглед на тоа што има моќни антиоксиданти, тоа ја штити кожата од прерано стареење, спречува брчки и линии. Ликопенот од цвеклото и дава на кожата еластичност, штитејќи ја од сончеви зраци.

Доколку користите цвекло како маска за лице, ќе добиете и благо розевкасто руменило на лицето. Измешајте по една лажица сок од морков и цвекло и нанесете на лицето.

Цвекло

Сокот од цвекло е богат со протеини, калиум, фосфор, калциум и витамините B и Ц. – сите тие ја подобруваат циркулацијата и го зголемуваат растот на косата. Со нив можете да го решите проблемот со првутот. сувата или мрсна коса. Ако го помешате со оцет ( да речеме пола – пола) и со тоа ја измиете косата ќе го отрсаните првутот.

За да ја промените бојата на косата, измешајте сок од цвекло со костенлива боја, а ако сакате црвенкаст отсјај измијте ја со чист сок од цвекло, разреден со вода.

- Реклама -