Нејзината мајка е една од најубавите жени на светот, а Каиа Гербер се повеќе наликува на неа.
Синди Крафорд е една од најубавите жени на светот чија кариера беше во својот врв во 90-тите години. Таа крадеше воздишки од мажите ширум светот, но нејзиното срце го освои американскиот бизнисмен Ренди Гербер.
Токму тој на својот Инстаграм профил се пофалил со фотографија од својата ќерка Каиа Гербер која секој ден се повеќе наликува на својата мајка Синди Крафорд, пишува Daily Mail.
На 13-годишната убавица може да се предвиди успешна манекенска кариера, но таа сега за сега рекла „не“ на модните писти.
Кога имала 11 години, Каиа била заштитно лице на Версаче линијата за деца, но тоа не траело долго.
„Таа е премногу млада за да следи кариера, а и нема толку работа за 10- годишни деца. Ако и на 17 години ги има истите желби, секако дека тоа ќе ѝ го овозможам“, рекла мајка ѝ Синди.