Денеска ќе ѕирнеме зад влезната врата на еден скандинавски стан со убав и инспиративен внатрешен дизајн.
Се работи за 125 квадратен пентхаус, кој вешто ги комбинира во едно комфорот и стилската визија, за да создаде совршен дом, кој излгледа како да излегол директно од соништата.
На првиот кат на станот се наоѓаат кујната, дневната соба и трпезаријата, обединети во една заедничка пространа просторија. На вториот кат пак е лоцирана спалната соба, придружена од гардероба.
Белата боја нежно ја освоила внатрешноста на станот, создавајќи една убава надреалистична реалност врз која владеат импресивни дрвени акценти, уметнички дела и богата колекција од растенија.