Уапсени главните дизајнери на HTC за измама и кражба

Главните дизајнери на HTC во петокот биле уапсени во Тајпеј, Тајван од страна на Истражното биро за криминал, откако биле пријавени за измама, кражба на документи и деловни и индустриски тајни на компанијата HTC.

htc arested

Меѓу уапсените е и главниот дизајнер Џастин Хуанг кој работеше на HTC One, како и други дизајнери и шефови на одделот за дизајн. Нивната цел била да формираат сопствена компанија во Кина, а го оштетиле HTC со кражба на фајлови во кои е содржан изгледот на сеуште необјавениот кориснички интерфејс HTC Sense 6.0.

htc-one-dizajn

Покрај кражбата на документи и фајлови, групата ја оштетила компанијата HTC за околу 350.000 долари за наводни дополнителни трошоци за работа. HTC во соопштение побара вработените да ги почитуваат етичките кодекси и да ги чуваат деловните, индустриските и интелектуалните тајни. Во однос на пребегнатата група HTC остава да решаваат правосудните органи без дополнителен коментар за состојбата во компанијата.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -