Уапсен човекот што ограбуваше таксисти низ Скопје

taksi

Поднесена е кривична пријава против лицето T.M (28) од Прилеп, поради сомневање дека во изнимативе 10 месеци направил четири кривични дела и се стекнал со нелегална вредност од 14.000 денари, како резултат на разбојништво врз таксисти.

Последниот случај бил месецов кога “патникот” му побарал на таксистот 900 денари и го замолил да почека пред казиното на Бит Пазар. Потоа се вратил назад и двајцата продолжиле кон Автокоманда, каде разбојникот му побарал на таксистот уште 2.100 денари, ветувајќи му дека ќе му врати 50 евра кога ќе стигнат на крајната адреса.

Кога пристигнале прилепчанецот излегол од автомобилот и тргнал кон зградата “по парите”. Таксистот сфатил дека ќе биде измамен и тргнал по него, при што разбојникот го удрил возачот со тупаница.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Таксистот веднаш пријавил во станица и надлежните го привеле осомничениот.

- Реклама -