TX7 – Нешто повеќе од автомобил

Откако покажаа неколку тизер-фотографии месецов, Carbon Motors официјалного претставија својот нов TX7 Multi Mission Vehicle (MMV).

Создаден да биде користен во голем број полициски или дури воени акции и ситуации, вклучувајќи и за прва помош при несреќи, мониторинг, транспорт на специјални материи, пари или за превоз на различен персонал, TX7 има функционален дизајн со подигнат кров, моќни светла и задна табла за пораки. Специјалното возило има места за до 10 лица, како и способност да пренесува инфрацрвено и топлинско оружје, како и такво за масовно уништување – хемиски, биолошки и радиоактивни.

За погонот на нестандардното возило е одговорен дизелски V8 мотор со шестстепен автоматски менувач и систем за погон на сите тркала. Компанијата, исто така, планира верзија што ќе се движи на гас, но сѐ уште нема конкретни спецификации.

Производството на TX7 ќе стартува кон крајот на 2013 година, а цената ќе се движи од 149.950 долари па нагоре.

Carbon-Motors-TX7-662

Carbon-Motors-TX7-664

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -