Твитер ѝ се изнасмеа на професионална фотографка

Ја имате легендарната (во круговите на шоу бизнисот) фотографка Ани Лејбовиц, супер сет и 12 од најголемите холивудски  ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс, Никол Кидман, Роберт де Ниро, Опра Винфри и Рис Витерспун. Што може да тргне лошо? Фотошопот.

Според Твитер, на насловната за Vanity Fair има трета нога.

Некои се мајтапат дека грешката е компензирана со тоа што е одземена нога од овде:

Vanity Fair, во своја одбрана, рекоа дека иако би им било мило да ја имаат ексклузивата на третата нога на Рис, за жал се работи само за случајна позиција на фустанот на актерката.

На второ гледање, испаѓа дека Vanity Fair се во право. Ама не се разочарувајте, не застанува тука. На фотографија од „behind the scenes“, грешката е многу поочигледна.

 

 

 

- Реклама -