„ТВ21“: Спасовски останува во МВР, партиски извори откриваат кој ќе биде технички премиер

Согласно Пржинскиот договор, Зоран Заев ќе се повлече од функцијата премиер на 3 јануари. На негово место ќе биде назначен технички премиер, но тоа нема да биде министерот за внатрешни – Оливер Спасовски, како што се шпекулираше во јавноста изминативе денови.

Според партиски извори од СДСМ, „ТВ21“ дознава дека тоа веројатно ќе биде генералниот секретар на партијата – Љупчо Николовски.

Спасовски, пак, е планирано да остане во МВР како дополнителен заменик министер, бидејќи таму бил повеќе потребен. Повеќе детали ТУКА.

 

- Реклама -