„ТВ21“: Села, Касами и Гаши на „средби со пријатели“ во Тирана

Лидерите на албанcката опозициja во Македонија викендов престојувале во Тирана, објави „ТВ21“. Доверливи извори од Алијанса за Албанците, Движење Беса и Алтернатива, за телевизијата потврдиле дека претседателите Зијадин Села, Биљал Касами и Африм Гаши биле на тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи на Албанија – Генц Цакај. Официјална потврда засега нема,

Според генералниот секретар на Движење Беса – Ајранит Хоџа, Касами во Тирана се сретнал со „пријатели“, но кои се тие, не открива. Вели дека Беса има многу пријатели во Тирана и во Приштина и секогаш кога ги посетуваат овие места, функционерите од Беса се сретнуваат со „нивните пријатели“ и разговараат за прашања кои се во интерес на Албанците.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

Од кабинетот на албанскиот министер за надворешни, пак, негирале дека имало средба на Цакај со лидерите на албанските пapтии во Македонија. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -