„ТВ21“ открива кои се „добрите планови“ на ДУИ за Насер Зибери

Насер Зибери ќе биде назначен за народен правобранител на местото на Иџет Мемети, неофицијално дознава „ТВ21“.

Мандатот на Мемети, кој беше назначен во 2004 година, завршува по 16 години на оваа позиција, во декември оваа година. Народниот правобранител се бира од Собранието и мандатот му трае 8 години, со право на реизбор, што беше случај и со Мемети во 2012 година.

„ТВ21“ потсетува и на изјавата на лидерот на ДУИ – Али Ахмети, на 19 август, по состанокот на партискиот совет – дека Зибери ќе продолжи да работи како нотар сѐ до моментот кога ќе се договорат „за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“.

Неколку дена подоцна, организацискиот секретар на партијата – Артан Груби, прашан дали Зибери ќе биде премиерот Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, затоа што тој беше кандидатот на ДУИ со кој настапи на изборите, рече дека дотогаш има време, но дека ДУИ има „многу добри планови“ за Насер Зибери, кои ќе бидат прифатливи и поздравени од сите Албанци.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

Пред неколку дена, пак, Ахмети, во гостувањето во „Клик Плус“ на „ТВ21“, рече дека премиер Албанец ќе има во последните 100 дена од владата, без оглед дали таа ќе потрае цел мандат или макар и само една година:

„И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ… Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа“, рече Ахмети.

- Реклама -