Телевизорот ве води кон предвремена смрт

Кардиоваскуларните болести се водечки убиец во светот. Научниците сѐ повеќе се трудат да ги дефинираат причинителите за нивното појавување.

Па така според едно итражување направено во Сиднеј, а објавено во списанието Journal of the American Heart Association, луѓето што долго време поминуваат пред телевизиор имаат поголеми шанси за предвремена смрт.

Научниците направиле истражување во кое вклучиле 8.800 испитаници. Според резултатите од истражувањето, секој поминат час пред телевизор значително го зголемува вашиот ризик по здравјето. Луѓето кои се постојано пред телевизор имаат за 9 % поголем ризик да заболат од рак и за дури 18 % поголем ризик да заболат од некоја срцева болест.

Според анализираните резултати , научниците тврдат дека луѓето кои гледаат телевизија повеќе од 4 часа дневно, имаат за 46 % поголеми шанси за предвремена смрт од останатите. Исто така тие наведуваат дека предвремената смрт кај овие луѓе во 90 % е предизвикана од кардиоваскуларните заболувања.

Овие заболувања се јавуваат поради телесната неактивност која ја имаме ако долго седиме пред телевизор која кога е комбинирана со брза храна претставува ужасна комбинација.

Иако истражувањето било насочено кон гледањето на телевизија, ништо повеќе не би се разликувале резултатите ако се прават за седење пред компјутер или некоја друга слична активност.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -