Тв серии со најжешки секс сцени (+18)

Сексот продава, вели „старата поговорка“ па не е чудно што, со добра приказна, интересни ликови и привлечни светови, сите од „True blood“ до „Game Of Thrones“ вниманието го насочиле токму на сексот.
Живееме во ерата на интересен парадокс- некогаш порано, дури и пред 15 години, телевизијата беше синоним за евтино, лошо и цензурирано додека паметните, но и брутални, еротски и насилните приказни ги баравме и гледавме во кината. Но, работите се променија- филмската индустрија тргна по вниманието на семејството со дестка содржина, а интелигенцијата и содржината за воздрасни ја пренасочија на малите екрани.

Резултатот? Телевизиски хитови исполнети со секс, како што се:

Game Of Thrones

Иако по некои статистики количината на жешок секс се намалува со секоја нова сезона (во првата сезона имаше секс во секоја епизода, а третата во пет од 10), триковите на голотија и soft porn акции во комбинација со фантазија и понатаму е главен рецепт за успех на оваа голема серија. Невозможно е да се утврди најзапамтената сцена- па затоа ве потсетуваме на сиот секс од третата сезона…

Girls

Лена Данам го скрши теророт на „хероин шик“ и стана „различен“ секс-симбол- па веројатно е редот како вистински нов секс-симбол да изработи низа незаборавни, често вознемирувачки вистински (читај:негламурозни) секс сцени во својата серија ‘Girls’. Потсетуваме на некои од нив кои завршија на YouTube.

)

Mad Men

Маркетинг експертите од американските шеесетти ги собраа сите ТВ-награди, но освен паметната приказна, фантастичната продукција и единствените ликови и ситуации, вниманието го привлекуваат и со значителна количина на секс- ретро секс, покажувајќи страст зад конзервативната тајност. На пример…

)

Sex and the City

Основачите на „феминистичкиот секс“ на малите екрани се… Да, се разбира, „Sex and the City“ донесе, како што стои во името, секс во ТВ редовите долго пред другите „колеги“ од оваа индустрија. Саманта стана икона, а еве и зошто:

)

True blood

Кога би ги извадиле сите секс сцени до сега снимениот и прикажаниот материјал на сезоните на незаборавниот серијал за вампири (и сите други можни и неможни суштества) во југот на САД, ќе добиеме еден целосен, долгометражен „soft porn“ филм. Не верувате? Погледнете како изгледа „благ“ материјал кој стигна до YouTube:

)

Nip/Tuck

Кој е повеќе опседнат од човековото тело од оние кои работат со негово подмладување и реконструкција. Авантурите на пластичниот хирург во серијата „Nip/Tuck“ се дефиниција за сексуалните лудории, меѓу кои и сцената на свингерската забава и лезбејските забави…

)

Boardwalk Empire

Некои оваа сега за будењето на американскиот криминал во времето на Ал Капоне го гледаа поради Бушими и одличното сценарио- а некои, всушност многу, поради Паз де ла Хуерта. Ако „Mad Man“ покажаа секс во конзервативните шеесетти, „Boardwalk Empire“ одат подлабоко во минатото, и тоа како!


paz-de-la-huerta-boardwalk-empire-on-bedroom-scene by EgotasticMedia

Secret Diary of a Call Girl

Каков рецепт: Британската ТВ серија живеше од 2007-ма до 2011 година благодарение на совршената рамнотежа на мотивите- поранешната поп ѕвезда Били Пајпер беше избрана за главна улога, проститутка која стана позната со пишувањето на вистински блог на интернет. Резултатот е секс со многу хумор:

)

Behind the Candelabra

Простувањето на Содерберг од филмот не беше првично кино-производ- туки продукт на HBO и овој телевизиски филм со духот на HBO има многу секс…

)

- Реклама -