Турција во три минути

3 500 километри за 20 дена.

Токму тој пат го изминал фотографот Леонардо Далесандри кој по пат снимал градови, пејзажи, луѓе, бои, звуци и дури мириси од Турција.

„Започнав со Кападокија, бев во Памуккале, Ефес, Истанбул и Кони. Јадев баклава и гиро, а пиев кафе и турски чај. Имав среќа да ја сретнам душата на Турција, нејзините луѓе, нивните насмевки и целосно да го почувствувам она што се нарекува турско гостопримство. Ова видео ги претставува моите искуства во Турција за 3,5 минути. Се надевам дека ќе ви се допадне. “- сподели авторот на видеото.

За поубав ефект зголемете го видеото, низ целиот екран (десно-доле, лево од Vimeo)

- Реклама -