Турција си потона авион, си направи туризам

SINking-airbus[1]

Честа пракса е намерно да се потонуваат бродови за да се создадат вештачки подводни гребени, кои се погодни за нуркање и за зачувување на морскиот жив свет. Вчера турските власти потонаа нешто малку поинакво, нешто што во принцип никогаш не треба да допре до вода – патнички авион Ербас А300.

Шупливиот труп на авионот е „очистен“ од сé што може да е потенцијално штетно за околината, и не само што ќе биде перфектен скелет за вештачки раст на корали, туку властите се надеваат и дека оваа нова подводна атракција ќе донесе туристи во областа.

avion

Трупот е долг 54 метри и поискусните нуркачи ќе можат да нуркаат низ кабината и надворешноста на структурата. Општината Ајдин го купи авионот од приватна компанија за помалку од 100.000 долари, но се надеваат дека инвестицијата ќе им се врати преку зголемениот туризам. Што се однесува до потонатите авиони, ова е најголемиот намерно потонат авион на сите времиња.

Годинава, пак, се очекува туризмот во Турција да доживее пад, бидејќи земјата доживеа неколку терористички напади кои резултираа со жртви.

Којзнае, потонатиот Airbus може да се покаже како рај за нуркачите.


- Реклама -