Турција и ЕУ се договорија

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека по самитот меѓу ЕУ и Турција во Брисел, двете страни ќе одржуваат самити двапати годишно и така процесот на пристапување на Турција во ЕУ ќе се забрза.

eu-turkey
„Решивме секоја година да спроведуваме по две средби и да го забрзаме процесот на пристапување. Утврдено е кога ќе се воведе безвизен режим за патување во ЕУ. Во март ќе го претставиме првиот извештај, во јуни ќе влезе во сила договорот за враќање на бегалците и мигрантите, а во октомври ќе се воведе безвизен режим “, изјави Давутоглу за време на прес-конференција.

Давутоглу исто зборуваше и за прашањето за кризата со миграцијата и износот од 3 милијарди евра, кои ЕУ ќе ги одвои за Турција.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

„Овие 3 милијарди евра нема да бидат потрошени за Турција, туку за сириските бегалци. Нашата крајна цел е да прекинеме со трговијата со луѓе и злосторствата поврзани со бегалците, како и намалувањето на бројот на мигрантите, кои одат кон Европа “, рече турскиот премиер.

- Реклама -