Турското здружение на производители на црвено месо нареди пратката од квалитетни холандски крави да биде вратена назад во Холандија, бидејќи како резултат на дипломатскиот судир на двете земји, тие не сакаат веќе да ги чуваат.
Претседателот на здружението – Булент Тунч, соопшти дека 40 грла холштајн-фризиски говеда од млечните погони во провинцијата Чанакале се веќе подготвени за пат назад во Холандија.
„Холандските холштајн крави се многу раширени во нашата земја. Но оваа раса почнува да прави сериозни проблеми. Во иднина не сакаме животински производи од Холандија. Првата пратка говеда е натоварена и ќе биде вратена назад“, рече Тунч.
„Имаме свои квалитетни раси“, додаде Тунч, сугерирајќи дека работата нема да заврши само со враќање на симболичен број од 40 крави. „Ако не ги примат, ќе ги заколеме и ќе го дистрибуираме месото“, се закани Тунч, истакнувајќи дека не се шегува.
И после кравите биле луди.