Турскиот град Batman ќе бара авторски права за името

Повеќе... На режисерот Christopheru Nolan му се заканува тужба, и тоа во име на Batman. Но Batman не е личност, туку град во Турција кој ќе стане познат после оваа вест.

5962d.jpgНа режисерот Christopheru Nolan му се заканува тужба, и тоа во име на Batman. Но Batman не е личност, туку град во Турција кој ќе стане познат после оваа вест.

Batman е главен град во провинцијата Batman во Турција, кој се наоѓа покрај реката која исто така има исто име како американскиот стрип јунак.

Иронијата е што на градот Batman навистина му е потребен суперхерој, во последно време градоначалникот е на удар на јавноста бидејќи таму се повеќе расте бројот на нерешени убиства, а исто така зголемен е бројот на женски самоубиства. Еден локален колумнист се запрашал, на шега, зошто градот не ги реши своите економски проблеми со поддавање тужба заради кршење на авторските права, а градоначалникот оваа изјава ја сфатил сериозно.

Според неговата приказна, Batman е име на древен град кој постои со векови, па американските продуценти требало да побараат дозвола да го користат името. Во име на вистината, филмаџиите го користат заштитеното име кое е сопственост на стрип корпорацијата DC Comics, но очигледно е дека градоначалникот не е баш некој експерт ни за стрипот стар 70 години, ни за авторските права, затоа што сериозен е во најавите за тужба против режисерот Нолан кои ги сними само последните два продолжетоци.

Прочитајте и:  Извештај: Западот индиректно го финансира руското воено производство преку увоз од Турција

За да биде иронијата поголема во последниот филм на Нолан за човекот-лилјак го нема името Бетмен во насловот, а баш во Турција е вообичаено без прашање да се користат имињата и мотивите од холивудските филмови. Како за пр. овој турски Бетмен, т.е. Bedmen.

{youtube}0r28ppyIZ3g{/youtube}

Инаку, ова не е првиот ваков спор со името. Еден турски иселеник се обиде да отвори ресторан со името на својот роден град Batman во Германија, што му беше забрането. А за тужбата на градоначалникот дури и турските правници велат дека нема правна основа, но ова може да биде добар трик да се популаризира Batman како туристичка дестинација.

- Реклама -