Турски инженери направија вистински BMW Трансформер

yerli-yapim-gercek-transformer-ile-tanisin-letrons-1474105473[1]

Ние се помиривме дека Трансформерите се чиста фикција, ама не и турската компанија Letrons. Тие засукаа ракави и направија Трансформер. Може не е целосно функционален (не може да се бори и сл.), ама кога е во режим на автомобил, можете да го возите со помош на далечинско, што го прави веројатно најголемата и најкул играчка што можете да ја имате.

Згора на сé, дечкиве од компанијата изгледаат сериозни. Велат дека во иднина ќе направат и други модели, и дека Летроните-како што ги нарекуваат своите Трансформери, ќе бидат достапни на продажба. За повеќе инфо замарајте ги нив на letrons.com.

- Реклама -