Турската актерка има маки во Белград

 

Турската ѕвезда Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Величествениот“, а која моментално се наоѓа во Белград каде што снима филм, седи затворена во четири ѕида.

Причина за тоа, како што пренесуваат српските медиуми, биле неповолните временски услови.

„Мерјем и нејзиниот дечко, турскиот актер Озан Гувен, освен тоа што поради дождот не можат да снимаат па прават паузи, доживеале и мала непријатност во вилата каде што биле сместени. Поради проблеми со инсталацијата, апартманот им бил преполн со вода, а плафонот им пукнал. Сето тоа било веднаш поправено,  изјавил за „Блиц“, извор близок на продукцијата која го реализира филмот во Белград.

Како што објаснуваат, актерите биле префрлени во еден од најдобрите хотели со пет ѕвезди. Лицата од хотелот ги угостиле ѕвездите на најдобар можен начин, а со оглед на лошите временски услови не можат да одат на сет. Мерјем и нејзиниот избраник поминуваат најмногу време во спа центарот и хотелската соба.

- Реклама -