Пејачката утре ќе настапи во Словенија и така ќе ја продолжи успешната турнеја што ја започна во Риека, а ја продолжи во Белград, Скопје и Загреб.
Непосредно пред концертот во Љубљана, хрватската пејачка Северина (41) се фотографираше и разговараше со обожавателите. За оваа пригода пејачката се одлучи за лежерен изглед, а сите забележаа дека како што поминува турнејата таа изгледа сѐ подобро и подобро.
Севе утре ќе настапи во Љубљана со што ќе ја продолжи турнејата „Добредојде во клубот“ што ја започна во Риека, а ја продолжи во Белград, Скопје и Загреб. Концертот во Стожица е речиси распродаден.