Туристичките атракции за кои луѓето би требало, ама не знаат дека се лажни

julieta[1]

Од контролниот пункт „Чарли“ во Берлин, па до балконот на Јулија (таа на Ромео) во Италија – следуваат туристички атракции за кои луѓето мислат дека се вистинити, ама…

Прва причина да не ги посетите е што се преплавени со туристи. Втората е што имаат сосема различна приказна од таа во легендите што ги опкружуваат. Некои се реплики, некои се комплетно фејк.

Заспаната долина (Sleepy Hollow), САД 

20160602165147000000[1]

Областа во државата Њујорк што сега е позната како Sleepy Hollow, кон крајот на 19-от век се викала Таритаун. Името ѝ е сменето по славната приказна „Легенда за Заспаната Долина“, откако во 1996 година Џенерал Моторс ја затвори својата фабрика во овој крај, при што 4000 луѓе останаа без работа. Благодарение на филмот со Џони Деп, како и истоимената серија, градот одново живна, добивајќи голем број туристи во последните две децении.

Шангри Ла, Кина 

20160602165211000000[1]

Уште има такви што трагаат по утопискиот рај Шангри Ла на Тибет, опишан во романот на Џејмс Хилтон – „Lost Horizon“ (ете ви и предлог ако ви се чита нешто лесно). Во 2001, кинескиот град Зонгдиан самостојно реши да се прекрсти и се самонарече Шангри Ла. Оттогаш, во градот навалуваат туристи, мислејќи дека се работи за вистинската локација. Градов навистина е фантастичен – густа темнозелена шума, снежни врвови на планините и многубројни тибетански храмови. Ама не е Шангри Ла – волшебното место каде владее мир, се цени филозофијата и уметноста и каде што се живее и над 200 години.

Мостот на реката Квај, Тајланд 

20160602165232000000[1]

Францускиот писател Пјер Бул – авторот на „Планета на мајмуните“, познат е и по уште едно славно дело – „Мостот на реката Квај“. Приказната е за изградбата на Бурманската железница во која илјадници воени заробеници завршуваат во рацете на Јапонците. Самата приказна е измислена, но е инспирирана од изградбата на мостот на реката Ме Клаунг во текот на Втората светска војна. Подоцна е снимен и филмот The Bridge on the River Kwai (1957), кој ќе привлече многу туристи во овој крај. Фората е што на вистинската река Квај нема мост, а делот од реката Ме Клаунг е преименуван во Квае Јаи за да одговара на приказната.

Контролниот пунк Чарли, Германија 

20160602165306000000[1]

Контролниот пункт Чарли е историски важно место. Тоа е граничниот премин кој во времето на Студената војна ги разграничуваше Источна и Западна Германија и беше единствената точка каде советската и американската војска имаа судир.

9C2DD8EDD3D188429A7BCFF07A7C3A04[1]

По обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990 година, вистинскиот пункт е расформиран и пренесен во музеј. Тоа што сега се наоѓа на местото е само реплика, иако пред пунктот стојат демек војници кои чуваат стража и позираат со туристи.

Бејкер Стрит 221 Б, Велика Британија 

20160602165319000000[1]

Сите знаат дека Шерлок Холмс е измислен лик, но тоа не ги спречува да го посетат музејот посветен на познатиот детектив. Музејот е сместен на Бејкер Стрит и адресата е обележана како 221 Б, иако реалната адреса на музејот е 239. Бројот 221 Б не постоел ни во времето кога се напишани романите за Шерлок Холмс.

Дворецот на Гроф Дракула (Дворец Бран), Романија 

20160602165338000000[1]

Се верува дека Дракуловиот дворец кој ирскиот писател Брем Стокер го опиша во прочуениот роман – „Гроф Дракула“ е инспириран од дворецот Бран. Освен што, Стокер никогаш не бил бо Романија, така што шансите за тоа да е вистина се мали. Ликот на неговиот Гроф Дракула, од друга страна, е инспириран од вистински лик – Грофот Владѕ Цепеш, кој живеел во блискиот дворец Поенари.

Балконот на Јулија, Италија 

20160602165422000000[1]

Заљубените, романтичарите и фановите на филмовите и претставите за Ромео и Јулија, постојано навалуваат во Верона за да го видат балконот на кој двајцата најпознати љубовници се заколнаа на вечна љубов. Арно ама, ни Ромео, ни Јулија, никогаш не биле во Италија, бидејќи се само измислени ликови од фантазијата на Вилијам Шекспир. При тоа, сцената со балконот воопшто ја нема во прочуената драма, бидејќи во времето кога живеел Шекспир, во Англија воопшто не постоеле балкони.

- Реклама -