Турција повеќе нема да настапува на Евровизија, туку на Турковизија

Турција минатата година се откажа од Евровизија, а оваа година својот национален фестивал Турковизија, ќе го претвори во меѓународен.

На Турковизија би требало да се натпреваруваат дваесет држави историски и културолошки поврзани со Турција. Измеѓу останатите, покана доби и Босна и Херцеговина.

Настап на Турковизија потврдија Азербејџан, а неколку земји межу кои Северен Кипар, Кагзастан и Кригистан допрва треба да одговорат.

Турција лани се откажа од шоуто, поради правилото по кое Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија имаат директен пласман во финалето.

[youtube]http://youtu.be/vq9OAEBZmAg[/youtube]

 

- Реклама -