Турбулентната комедија „Дрим тим“ со втора сезона, ексклузивно на Суперстар

Комедијата која што ни ја врати вербата во обичниот човек, „Дрим тим“ се враќа на малите екрани со втора сезона, откако првата постигна одлични резултати на гледаност и ја одушеви публиката ширум регионот.

Од 22 јануари ексклузивно на Суперстар филмскиот канал почнуваат со емитување новите 12 епизоди од втората сезона на „Дрим тим“  прикажувајќи ни ги новите збиднувања во животот на Илија Срдиќ, неговата сопруга и нивните 11 синови.

Семејството се соочува со нови предизвици и неволји со желба да го задржат својот оригинален, независен начин на живот на белградскиот Булбудер, како да го спасат опстанокот на заедничкиот спортски терен по крахот на фудбалските амбиции.

Режисер на втората сезона е Дејан Зечевиќ, а актерската екипа ја сочинуваат Лазар Ристовски, Татјана Шојиќ, Бане Зеремски, Милица Томашевиќ, Милутин Мима Караџиќ, Јелисавета Теодосиќ и многу други.

„Дрим тим“, како и останатите хит серии од продукцијата на Телеком Србија ексклузивно се прикажуваат на Суперстар каналите кои се дел од понудата на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ. Повеќе информации за понудата на пакети може да добиете на mtel.mk.

* Комерцијален текст

- Реклама -