Тупанчески: Рестриктивното толкување на Уставот е подобро, како што направи Џафери

„Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон”, рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Меѓународното право мора да се почитува, а во спротивно, според Тупанчески, тоа би довело до отворање на Пандорината кутија.

„Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон? Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори. Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата – референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност нашата држава еднострано да не го прифати тој договор, но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави“, рече Тупанчески во интервјуто.

Прочитајте и:  Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Тој, меѓу другото, оцени и дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно начинот на кој постапи собранискиот спикер Талат Џафери.

„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива, има две стојалишта. Да сум на местото на Џафери, би постапил исто, затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа”, рече министерот за правда.

- Реклама -