Посакавте да купите некое ново парче облека? Можеби е време за туника, едно од парчињата облека кои во различни комбинации може да ви обезбеди неколку различни стила.
Еден од интересните парчиња облека во женскиот плакар секако е туниката. Кога ја носите со хулахопки, игра улога на фустан. Многу е елегантна со тесни панталони и фармерки. Подвртена или поткрената над здолниште, може да игра улога на маица или блуза, односно џемпер.
Време е да додадете едно вакво парче облека во вашиот плакар, секако подебела, дури и волнена барем кога се во прашање моделите за секој ден. Свечените туники се свилени и често помал модел. Одберете го својот омилен модел и тргнете во шопинг.