Пренамената на јавните места и објекти во уметнички и tech ремек дела е најновиот и најомилен начин да се претстави креативноста, барем деновиве е така. Новата инсталација во Њујорк ќе ја преземе целосната сообраќајна артерија од еден тунел и ќе ја претвори во пешачка зона на аудио експериментирање.
Создадена од Мексиканско-Канадскиот артист Рафаел Лозано-Хемер, “Voice Tunnel” е инсталација која ќе го трансформира овој тунел кој се наоѓа на Менхетен Парк Авенијата во простор каде посетителите ќе можат да навлезат и да ги снимаат своите гласови низ различните точки на тунелот. Што погласно викне некој од посетителите, толку посилно ќе реагираат светлата на тунелот. Гласовите кои ќе се снимаат ќе бидат пренесувани во етерот преку 180 звучници и презентирани на сите нови негови посетители.
За самиот впечаток од ваквото искуство да биде посилен и загарантиран, инсталацијата во овој тунел висока 9 стапки и широка 16 стапки ќе се протега од 33-тта па се до 40-тта Улица од 7 часот наутро до 13 часот. Сообраќајот е забранет, а оваа интересна аудио инсталација започнува овој викенд.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk