Хрватската компанија Tehnix ќе заработи дури 6 милиони евра од имигрантскиот бран кој ја погоди Европа. Толку чинат контејнерите за сместување за кои компанијата доби порачки од странство.
„Додека бранот мигранти е тема на расправа меѓу владите на европските држави и предизвикува поделени реакции во јавноста, за дел од претприемништвото се покажа многу профитабилен“, наведува List.
Како што се прецизира во текстот, притоа не се мисли на „лешинарите“ или криумчарите на мигранти (кои според податоците на канцеларијата на ОН за дрога и криминал, годишно заработуваат околу 150 милиони долари), туку на компаниите кои во тој бизнис влегоа за да ги пополнат логистичките потреби што произлегоа од кризата, со што создадоа „имигрантска индустрија“.
Tehnix, на пример, која брои 320 вработени, веќе 25 години се бави со екологија т.е. со технологија за управување со комунален отпад и пречистување на отпадни води, но и со производство на станбени контејнери. Соработува со партнери од Германија, Австрија, Швајцарија и луксембург, а лани околностите во тие држави се променија.
„Откако се разгоре кризата, нарачките на контејнери од партнерите од тие држави пораснаа за повеќе од 50%“, вели директорот Ѓуро Хорват. Заради приливот на бегалци, побарувачката за станбени контејнери доживува вистински бум. „Пред кризата произведувавме контејнери во вредност од околу 5 милиона евра, а сега имаме договори за околу 11 милиони евра“, додава тој. Растот може да продолжи и по бегалската криза, бидејќи контејнерските населби се евтини решенија.
Во Германија, бизнисот околу сместувањето на мигрантите е во голем дел препуштен на приватниците, бидејќи се поевтини од државата. Англиската компанија Juropian Houmke, пак, се грижи за околу 15.000 мигранти и денес е еден од главните играчи во „мигрантската индустрија“. Во истиот кош на компании е и швајцарската ORS Servis, која води дел од мигрантските центри во Германија и Австрија, а уште пред пикот на кризата заработуваше 99 милиони долари годишно.
Влезот на приватниците во бизнисот со мигранти дефинитивно предизвикува дискусија и критики, но од Juropian Houmker немаат намера никому да се извинуваат. Нивниот портпарол вели: „Да, заработуваме пари. А тоа е концепт кој некои го сметаат за прљав“. Сепак, тоа нема да ги спречи, додава тој.