Сте виделе и порано хипер-реалистични слики цртани со молив, ама ова е некст левел. Мајсторот е 22-годишниот јапонски уметник Кохеи Омори, кој вели дека троши по повеќе од 200 часа на секој проект.
Да зборуваме колку внимание посветува на деталите, ќе биде смешно – евидентно е. Внимателното сенчање, ултратенките линии и хируршки прецизната рака му го заработија прекарот „луд гениј“. Најновото дело му е цртеж од метален штраф, а најпознатото – портрет од британската моделка Sophia Blackbrough. Во продолжение ќе видите и пар други.
А ова му се моливите: