Цртање, мислење и забава: Практични вежби за креативно размислување

Една искра во темнината, може да разгори силен оган. Целата тежина е во тоа како да го фатиме, задржиме и зајакнеме пламенот на оваа искра на инспирација. Некои од раѓање ја поседуваат оваа способност, но  повеќето луѓе морале да ја учат внимателно.

Ви нудиме пет вежби за развивање на креативноста:

Две случајности

Земете речник и изберете два случајни збора. Едноставно „боцнете“ со прст во отворените  страници и обидете се да најдете нешто заедничко помеѓу нив. Оваа вежба одлично  го тренира мозокот.

colorful-colors-creative-creativity-feet-Favim.com-222997

Лудиот генетичар

Земете чист лист хартија и фломастер. Најдобро ќе биде ако не умеете да цртате, бидејќи убавината и резултатот не се од значење во оваа вежба. Најважен е самиот процес. Сега нацртајте нешто што комбинира во себе што повеќе знаци на  животни, на кои што можете да се сетите. Пример лисица со рибија опашка или долговрат зајак со копита. Целта на вежбата е да ги поминете сите граници на логиката и здравиот разум и да го нагласите креативниот потенцијал.

Безумниот архитект

Од животните минуваме на архитектурата. Нацртајте обична рамка од куќа и замислете 10 случајни зборови. Замислете дека сте архитект и се ви нарачале проект за зграда. Гарантот сепак ви поставил 10 задолжителни услови. Тоа се избраните зборови. Потоа продолжете да цртате и да ги вклучите зборовите на некој начин во домор. Може да  вклучат буквално сè – на пример „портокал” – и покривот на вашата куќа може да стане портокалов. Или „чинија” – и прозорците ќе се здобијат со овална форма. Додека цртате, замислувајте како би изгледала зградата во реалноста.

148109611

10 + 10

Изберете некој збор, но нужно именка. Сега напишете 5 придавки, кои според вас  одговараат најмногу. На пример, ако зборот е “чорапи”, придавката може да биде “црни, топли, волнени, зимски, чисти”. Дали сте подготвени? Сега пробајте да напишете уште 5 придавки, кои воопшто не одговараат на зборот. Еве тука веќе станува тешко. Сами ќе видите во колку сфери на перцепција ќе треба да преминете мисловно, за да ги најдете потребните зборови.

Име

Секој пат кога некој предмет ви заинтригира, обидете се да му измислите име. Тоа може да е кратко и незаборавно или долго и комплицирано. Целта на вежбата е името нужно да ви се допаѓа.

Повторувајте ги овие вежби секој ден и ќе видите како наскоро креативниот потенцијал ќе ве одведе  до нови височини!

1c48070

- Реклама -