Фасцинирана од порнографијата и сериските убијци…
Американската уметничка сцена во последно време е шокирана од уметничките дела на 24-годишната Црногорка Дарја Бајагиќ, во чиј центар е нејзината фасцинација за порнографијата и сериските убијци.
По дипломирањето на американскиот универзитет Јеил и самостојната изложба во Њујорк и Варшава, Дарја стана ѕвезда на уметничката сцена. Оваа уметница која живее во Њујорк, родена е во Подгорица во 1990 година. Израснала во Каиро, а нејзиното семејство во 1999 година се преселило во САД.
Деканот на академијата на која Дарја студирала, историчар на уметност Роберт Стор, имал голем проблем со нејзината употреба на порнографијата што ја нарекол луда и ѝ предложил да оди на терапија на сметка на Јеил.
– Ми рече дека сум луда, и дека Јеил ќе плати за трошоците за терапијата и советувањата кои ќе ми помогнат со мојата опсесивно-компулзивна навика на собирање на фотографии од девојки и порнографија… И како треба да се истражам себеси за да сфатам кои проблеми ги имам со себе- вели Дарја.