Еден од најпознатите непријатни козметички проблеми неспорно се црните точки по лицето. Најчести се кај дамите со мрсна кожа. Покрај редовните посети кај козметичар, што друго би ни помогнало во битката против затнати пори?
Има еден лесен начин за подготовка и ефективна маска за отстранување на затнати пори, под услов да бидете упорни во нејзината употреба.
Ставете во сад малку мед, по што потребно е да го премачкате лицето со тенок слој од медот и за започнете со мазни движења на прстите да притискате и размачкувате , додека не почувствувате благо горење. По неколку минути масажа со мед не го мијте лицето, туку ставете влажна крпа на лицето и почекајте од 5 до 10 минути. Не дозволувајте да остане ни трага од лепкавост по лицето.