Црнецот кому му пресадија бел пенис – најсреќен

Во април годинава, докторите ја извршија третата успешна операција на пресадување на пенис.

Овој пат „добитникот“ беше 40-годишен маж кој го изгубил пенисот пред 17 години. Го оперираа истите јужноафрикански доктори кои ја спроведоа првата успешна трансплантација на пенис во декември 2014 година.

Според хируршкиот тим, пренесува Daily Mail, процедурата траела 10 часа. Веќе во следните шест месеци пациентот ќе може да има секс и да уринира со новиот орган.

Сепак, останува уште една фаза во процесот – тетовирање. Имено, пациентот е црнец, а пресадениот пенис е со бела боја на кожата. Во процес што се очекува да заврши до крајот на годинава, пенисот ќе биде медицински тетовиран за да одговара на бојата на кожата на пациентот.

Таа чест ќе ја има тату-артистот Розмари Андлаер од Масачусетс. Планира да го тетовира во три етапи, дозволувајќи заздравување меѓу секоја од нив. Токму затоа процесот ќе потрае, „ама здравјето и безбедноста е премногу важна за да брзаме“, истакнува Розмари.

Се разбира, тоа што пенисот е бел не е некаква докторска грешка. Се работи за тоа што има премногу малку донатори за овој тип на трансплација, објаснува проф. Андре ван де Мерв – директор на уролошкиот оддел на универзитетот Stellenbosch. „Но, тоа е единствениот преостанат проблем“, истакнува де Мерв.

Тој објасни и дека трансплантацијата исклучително многу го подобрила расположението на човекот. Во тие 17 години без пенис човекот имал неколку врски, но штом ќе се спомнело секс, секогаш ги прекинувал. Претходно страдал и од депресија, а имало и периоди кога бил суицидален.

„Сега е еден од најсреќните пациенти што сме ги имале на одделението. Закрепнува исклучително добро. Нема знаци на одбивање (телото не го отфрла органот) и сите ре-поврзани структури се залекуваат по планот“, завршува де Мерв.

- Реклама -