Црна Гора: 10.000 евра казна ако ги извреѓаш НАТО

Оваа ригорозна казна е предвидена со членот 200 од Кривичниот законик на Црна Гора, јавува Mondo.

Во членот „Повреда на угледот на странска држава или меѓународна организација“ се наведува дека тој што „јавно ќе ја навреди Организацијата на обединетите нации, Меѓународниот Црвен крст или друга меѓународна организација на која Црна Гора е член“, ќе биде казнет со 3 до 10 илјади евра.

„Нема да биде казнет тој што ќе го изложи НАТО на јавно исмевање ако тоа е изнесено во рамка на сериозна критика во научна, книжевна или уметничка форма, во извршување на службена должност, новинарски повик, политичко делување, во одбрана на некое право или заштита на оправдани интереси…“, се наведува во членот од законот.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Ама има „ама“.

„…И тоа ако со начинот на изразување или од други околности се гледа дека тоа не е направено со намера за омаловажување или ако ја докаже вистинитоста на своето тврдење, или ако имал основана причина да поверува во вистинитоста на тоа што го изнесол или пренесол“.

Истата казна е предвидена и за тие што јавно ќе ги исмеваат/критикуваат држава (или нејзино знаме, грб или химна) со која Црна Гора е во дипломатски односи.

- Реклама -