Црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес започна со темна нота во неделата навечер.
56-годишната Мадона се појави во црн Живанши минифустан кој излгеда како инспирација од матадорски костим. Бијонсе, Гвен Стефани и Миранда Ламберт, исто така, избраа ноар за големата ноќ.
Бијонсе се одлучила да покаже деколте во црн фустан кој излгедаше како да е поземнем од плакарот на Џенифер Лопез.
Но, други- како Кети Пери, Лејди Гага, Рита Ора- се определија за посветол изглед.
Единствените кои повеќе се разликуваа во избраните бои и дизајнот на фустани, беа Тејлор Свифт и Ријана.
Тејлор носеше сино-зелен фустан кој од напред ги открива нејзините тенки нозе и розевите потпетици. Интересно е што нејзините очи се истата мешавина на боја како и фустанот кој го носела.
Ријана, која пристигнала пред да почне шоуто, направила интересно појавување во масивен розев фустан. Фустанот изгледа како да може да собере пет деца во него. Ова е најголемиот фустан носен доделувањето на Греми, а можеби и најголемиот во историјата.