Од Иран доаѓа нов тренд, односно организирање на прослави за развод.
Овој вид на прослави се проследени со голема торта и црни цвеќиња, а побарувачката на специјалните честитки за развод расте се повеќе:
„Најпрво кај цвеќарите се нарачува букет црни ружи, а потоа се испраќаат и честитки“, вели продавач од Иран.
Тој раскажува дека пораките содржат зборови како „ Воошто не ми недостасуваш“ или „Нема веќе да се заљубам, барем не во тебе“.
Верските службеници го осудуваат ваквото однесување.
Минатата година бројот на разводите во Иран се зголемил за 4,6 отсто, додека бројот на склучените бракови се намалил за 4,4 проценти.