Црква претворена во луксузен дом

Двата горни ката на  црквата  Westbourne Grove, која се наоѓа во срцето на лондонскиот Нотинг Хил, беа претворени во прекрасен пентхаус од DOS Architects.

Сопствениците на имотот побарале од архитектите да искомбинираат најнапредна технологија со чистиот, луксузен дизајн, додека клучно било да се зачуваат  традиционалните готски детали на историската зграда.

Создадениот пентхаус е полн со светлина благодарение на двојната висина на таваните и најспектакуларните прозорци.

Белиот ентериер е дополнет со светли  слики. Во дневната едно од најимпресивните места е клупата под прозорецот.

Во кујната е поставена огромна табла на која членовите на семејството можат да си остават пораки или да пишуваат задачи за денот.

 

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

Стаклена скалила водат кон вториот кат. Во едната од спалните се наоѓа  голема када.

- Реклама -