Екс-директорот на УБК – Сашо Мијалков, утре ќе биде пуштен од притворот во Шутка, а може да се очекува дека ќе се упати директно во хотел Мериот, дознава „ЦИВИЛ Медиа“ од неофицијални и непотврдени извори.
Информацијата е добиена по анонимен пат од блиски пријатели од кругот на Мијалков.
Мијалков, патем, не е дел од „пакетот“ за ублажување на мерката притвор, кој по предлог на СЈО го добија Орце Камчев и другите притворени во случајот „Империја“, пишува „ЦИВИЛ Медиа“.