Оскар Вајлд е еден од најпознатите британски драматурзи, писатели и поети. Тој е автор на „Сликата на Доријан Греј”, „Колку е важно да бидеш сериозен”, „Идеален маж” и др.
Иако бил многу талентиран, Вајлд е отфрлен од лондонското високото општество поради непристојно однесување. Тој е познат по акутниот јазик, што често го навлекувал во проблеми. Оскар Вајлд има еден тон мудрости. Од сите нив избравме неколку убави мисли за љубовта.
„Жените треба да бидат сакани, не разбирани.“
„Љубовта и алчноста оправдуваат сè.“
„Кој е сиромашен, ако е сакан?“
„Кога сиромаштијата влегува низ вратата, љубовта со едно замавнување со крилјата, излегува низ прозорецот.” – „Сликата на Доријан Греј“
„Кога еден маж сака една жена, тој е подготвен да направи сè за неа. Освен да ја засака повторно.“
„Да се заљубиш во себе е почеток на една доживотна љубов.“
„Единствениот начин да се ослободите од искушението, е да му се посветите.“
„Мажот може да биде среќен со било која жена, под услов да не ја сака.“
„Жените ги сакаат мажите поради нивните недостатоци; ако мажите поседуваат доста од нив, жените имаат тенденција да им простат сè, па дури и нивната неверојатна интелигенција.“
„Љубовта, а не германската филозофија, го крие вистинското објаснување на овој свет.“
„Мажот секогаш сака да биде првата љубов на жената, а жената сака да биде последен роман на мажот.“
„Да љубиш значи да се надминеш самиот себе“.
„Човекот треба секогаш да е вљубен. Тоа е причината поради која човек никогаш не треба да се жени.“
„Гледам кога мажите ги сакаат жените. Тие им даваат сè, освен мал дел од својот живот. Но жените, тие кога сакаат, тие даваат сè.”