Ципрас: Македонската националност не е наша па да ја даваме

Според најавеното, гласањето за ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент треба да се случи денеска во 14:30 часот. Меѓутоа, процесот во Грција е проследен со жестоки протести и отпор надвор, но и во парламентот.

Во синоќешната жестока расправа Ципрас му се обрати и на лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на неговите критики дека го продал македонскиот јазик и македонската националност:

„Не сме дозволиле македонски јазик, бидејќи македонскиот јазик не е наш да го даваме. Аристотел го учел Александар Велики на грчки, место на македонски. Ниту македонската националност е наша да ја даваме. И самото користење на зборот ‘им дозволуваме’ укажува на големината на илузијата што произлегува од вашиот национализам. Луѓето кои живеат во северна Грција се Грци. Но, ова веќе припаѓа во областа на психоанализата, а јас секако немам да намера да бидам ваш психијатар“, одговори Ципрас, додавајќи дека обвинувањата на Мицотакис се исти како оние на ВМРО-ДПМНЕ до Заев.

Прочитајте и:  Македонскиот јазик ќе се изучува на постдипломските студии на Факултетот во Тирана

 

- Реклама -