Вашингтон, 28 септември 2021 (МИА) – Високи претставници на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во 2017 година разгледувале опции за киднапирање, па дури и ликвидација на основачот на Викиликс – Џулијан Асанж, објави Yahoo! News!.
Порталот, повикувајќи се на поранешни американски претставници, наведува дека високи претставници на ЦИА и тогашниот директор Мајк Помпео биле бесни на Асанж бидејќи го објавил Трезор 7 односно инструментариум за хакирање.
Во 2017 година Асанж веќе петта година претстојуваше во Амбасадата на Еквадор во Лондон.
„Помпео и раководството на ЦИА беа целосно одвоени од реалноста бидејќи им беше непријатно поради Трезор 7. Гледаа крв и изгледаше дека немаа граници“, изјави неименуван претставник за национална безбедност.
ЦИА одби да ги коментира наводите на „Јаху њуз“.
Адвокатот на Асанж, Бери Полак, не ги коментираше наводите на порталот, но истакна дека „како американски државјанин, оценува дека е апсолутно нечуено што Владата на САД разгледувала киднапирање или убиство на некого без каков бил судски процес затоа што објавил вистински информации“.
„Се надевам дека британските судови ќе ја разгледаат ова информација и дополнително ќе го зајакнат својот став да не го екстрадираат Џулијан Асанж во САД“, потенцира Полак.