Вељко Ражњатовиќ одлучил дека штом ќе стане полнолетен ќе ја испроба својата среќа како ултимативен борец, односно ММА борец. Неговата мајка Цеца, иако го подржала, потајно се надева дека ентузијазмот за професионално работење со овој спој брзо ќе му помине.
– Го поддржувам спортот и мило ми е што мојот син е поддржувач на таков живот. Сепак, тој првенствено мора да оди на училиште, а во меѓуврем нека се занимава со спорт. Во тие борби несакам да размислувам. Детето има право да фантазира и да има амбиции- изјавила Цеца за српските медиуми.
Со оваа екстремно опасна боречка вештина синот на Цеца станал вклучен од пред месец и половина.
– Вељко како дете тренираше фудбал. Од скоро тренира ултимативен фајт и гледам дека го интересира тоа. Важно ми е да сум упатена во неговите активности и да знам дека оди на тренинг. Рано е да се зборува за професионален спорт, бидејќи мојот син сеуште мора да ја „грее“ школската столица.