Цеца Ражнатовиќ од вторникот престојува на островот Кох Самуиа на Тајланд во друштво на пријатели, а првата фотографија од оваа егзотична дестинација Цеца ја споделила на Инстаграм.
На фотографијата се гледа како пејачката се релаксира на плажа на крајот на првиот ден на прекрасниот остров.
Цеца во вторникот отпатува за Тајланд, и таму ќе престојува две недели со цел да се одмори и да ги наполни своите батерии, а дел од овој одмор пејачката ќе го искористи да сними и видео спот за песна од нејзиниот последен албум.