Пејачката е скршена поради стрес, бидејќи нејзиниот наследник заврши во полиција.
Цеца Ражнатовиќ проговори и за петицијата против неа да настапи на Tamburica фестивалот во Нови Сад, велејќи дека го доживува како сол на рана.
– Минатата недела ми беше катастрофална поради ситуацијата со Вељко и петицијата против мене. Всушност, се појавиу група луѓе кои кажаа целосни лаги за мене. Никогаш во животот не сум снимила песни кои поттикнуваат насилство, ниту пак сум имала тајни состаноци. Тоа го оставив во рацете на полицијата и да го пронајдат виновникот. Уште повеќе ме боли што се обратија кон Вељко како кон криминалец. Почнаа споредби од кои се згрозувам, бидејќи Вељко не е Аркан, а Анастасија не е Цеца, тие се посебни индивидуи. Тие го градат својот живот самите, независно од тоа кои сме ние- вели Цеца за српските медиуми.