Српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ заблеска во долг, бел фустан за време на снимањето на новогодишната програма.
На нејзиниот Инстаграм профил објавени се фотографии од снимањето на шоу програмата за Нова година на розевата телевизија.
Цеца изгледа апсолутно заводливо во долиот, бел фустан, кој за неа ја креирала сопругата на Харис Џинивиќ, креаторката Мелина Џиновиќ.
Фустанот целосно и одговара на Цеца и ја нагласува нејзината витка фигура. Дивата изгледа многу елегантно.
Цеца ќе настапи со Харис и ќе испее неколку песни за време на новогодишната програма, како подарок за обожавателите за празниците.