Центар за дизајн и иновативност во Скопје

Започна со работа центарот за дизајн и иновативност – Јавна соба во Скопје.

Таканаречен “Берлин во Скопје” , новиот урбан и иновативен простор се очекува да стане катче за креативност и оригиналност.

Целта е перманентно да ја унапредува продуктивноста кај младите креативни умови, да ги насочува кон пазарни цели и да ги поврзува со производните компании од земјата и светот.

“Креативниот потенцијал во Македонија е недоволно искористен, а уште помалку е артикулиран, тоа го покажуваат многу досега спроведени пазарни анализи и истражувања. Она што им е потребно на младите креативци е да имаат еден отворен простор во кое ќе добијат стручна и техничка поддршка во развој и пласман на нивната идеја” а во исто време нивните прототипи да бидат презентирани во деловните кругови– истакна Александар Велиновски, директор на Јавна Соба.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Ентериерот во Јавна соба е мајсторско дело на македоснката дизајн компанија We and Nature од Скопје. Иниицијативата е поддржана од амбасадата на кралство Холандија и Министерството за култура на РМ.

Јавна соба се наоѓа во централното градско подрачје, на улицата 50. Дивизија 22 во Скопје, и несомнемо ќе биде дом на сите креативци и претставници на деловната заедница во Македонија.

- Реклама -