ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ВЛИЈААТ НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ

Над тригодишно истражување на сајтот iSeeCars.com за продажбата на нови и користени автомобили покажа дека големо влијание врз истите имаат цените на горивата.

Екипата анализирала над 27 милиони трансакции на нови и автомобили од втора рака и успеала да открие интересни трендови.

На прво место истражувањето ја поби теоријата дека при зголемувањето на цените на горивата се засилува побарувачката на хибриди и plug-in изведби. Според резултатите, побарувачката за хибриди и еколошки ориентирани автомобили зависи од други фактори и мотиви, кои не се поврзани со цените на горивата, туку од волјата на сопствениците да дадат свој придонес кон зачувување на природата.

Растот на цените на горивата се одразил и на купувања на пикапи, кои се важен сегмент на пазарот на нови и користени автомобили во САД. При повисоки цени на горивата купувачите се насочени кон купување на користени пикапи, а при пониски – кон нови. При намалувањето на цената на горивото до еден долар на галон довело до раст на продажбата на нови ванови за 2% месечно. И кај SUV и CUV моделите, исто така, има интересен тренд, кој сепак не е толку јасно изразен како кај пикапите, па при намалувањето на горивата на долар за галон, довело до раст за 0,7% на месечно ниво.

„Ова покажува дека продажбата на SUV и CUV модели не се влијаат толку од цените на горивото, туку од желбата на купувачите да поседуваат модел кој едноставно го посакуваат и им се допаднал“, изјави Фонг Ли, извршен директор и основач на iSeeCars.

Со истражувањето се дошло до факти дека популарни модели како BMW X3 обезбедуваат потрошувачка блиска до некои патнички автомобили, па крајно пораснал интересот за истите, а во исто време цената на горивото е чувствителна тема за сопствениците на Ford F-150, опремени со V8 бензински мотори.
- Реклама -