Вчера Apple обави дека продажбата на Apple Watch ќе започнат на 24 април, а цените почнуваат од 349 долари и достигнуваат до 10 000 долари за топ моделите.
Apple Watch Sport, кој е направен од алуминиум, ќе биде најевтиниот од сите предлози. Него ќе можете да го имате за 349 долари за 38мм модел и за 399 долари за 42 мм.
Верзијата Apple Watch од нерѓосувачки челик започнува од 549 долари за помалата опција (38мм) и 599 долари за големата верзија од часовникот (42мм). Лошата вест е дека тука цените можат да достигнат до 1 049 и 1 099 долари во зависност од тоа што сте одбрале. Apple Watch Edition по прашање на цената ќе се бори со часовници како Rolex и ќе се нуди за 10 000 долари, но само во одредени продавници.
Прелиминарните нарачки почнуваат на 10 април, а на почетокот најпаметниот часовник на Apple ќе се продава во САД, Велика Британија, Кина, Австралија, Франција, Германија, Јапонија и Хонк Конг.
Од Apple изјавија дека работат за што побрзо пристигнување и на други пазари.